РАЗВОЈ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ РАЗВОЈ НА ПРОЕКТ Секој проект, а тука спаѓаат и медиските проекти, е дефиниран како временски одредно настојување да.


The Presentation inside:

Slide 0


Slide 1

РАЗВОЈ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ


Slide 2

РАЗВОЈ НА ПРОЕКТ   Секој проект, а тука спаѓаат и медиските проекти, е дефиниран како временски одредно настојување да се произведе единствен производ, услуга или резултат. Проектите се одредени со нивното траење, т.е. почеток и крај.


Slide 3

При развојот на проектот клучни сегменти се: - Проектна идеја и концепт. При дефинирањето на идејата и концептот треба да се направи анализа на: *Состојба на пазарот *Актуелни потреби на поедини сегменти од пазарот *Изводливост на идејата *Потенцијални и можни извори на финансирање *Автори и соработници кои би можеле да се вклучат во изработката *Искуства од проекти темелени на сличен концепт - Избор на продукциска стратегија Општа слика за постигнување на целите, т.е. начин на постигнување на целите. - Презентација (PITCHING)


Slide 4

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕДИСКИ ПРОЕКТ СЕ ВРШИ ВО - ПИШАНА ФОРМА - ВЕРБАЛНО


Slide 5

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕДИСКИ ПРОЕКТ ВО ПИШАНА ФОРМА


Slide 6

Секој медиски проект треба на соодветен начин да им се презентира на потенцијалните инвеститори или партнери - Институционален конкурс за поддршка на проекти од јавен интерес - Банкарски кредит - Спонзорски аранжмани или - Претприемачки капитал


Slide 7

Квалитетното и јасно претставување на проектот во секој негов сегмент е еден од најважните одлики на добриот продуцент.


Slide 8

Основната идеја за проектот треба да се образложи во вербална форма, но секако од поднесувачот на проектот за одобрување на поддршката се бара и сериозен писмен елаборат.


Slide 9

Тој елаборат ќе одговори на основните прашања: - За каков проект станува збор, - На кого му е наменет проектот - Колку средства се потребни за негова реализација - На кој начин ќе се вратат вложените средства (со остварување на профит или со други начини со кои што учесниците во проектот и инвеститорот ќе бидат задоволни)


Slide 10

Основна содржина на елаборат за проект


Slide 11

- Концепт / Идеја - Пазар - Целни групи - Финансиски план - Извори на финансирање - Оперативен план - Приказ на очекувани приходи - Рекапитулација на финансискиот план и очекуваниот приход - Стратегија на маркетинг и пласман - Компаративни примери - Референци на носителите на проектот - Биографија - Сумирање на проектот - Дополнителни документи - Предвидување на ризик (S.W.O.T. Анализа)


Slide 12

Елаборатот за продукција е подложен на менување и прилагодување во зависност од текот на продукцијата, меѓутоа при тоа треба да се настојува да не се менуваат есенцијалните податоци и бројки.


Slide 13

ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ – ВЕРБАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА


Slide 14

Презентациските вештини се преку потребни во општествениот и деловниот свет. Причината за потребата од обука во оваа област е едноставна, некои луѓе едноставно не знаат да раскажат приказна. Говорничките вештини се негувале од дамнешни времиња, па се до денес. - Страв од јавни настапи - Тешкотии при за концизно претставување на проект - Се потешко е нешто да се продаде бидејќи продажните цели се се повисоки, а потенцијалните купувачи се неповерливи.


Slide 15

ШТО Е ПРЕЗЕНТАЦИЈА Презентацијата може да биде било каков облик на формално или неформално излагање. Целта на секое излагање е на јасен и примерен начин да се пренесе некоја идеја.


Slide 16

Во текот на презентацијата може да дојде до неразбирања, несогласувања, па дури и агресивни испади, меѓутоа и покрај тоа вештиот излагач треба да знае да дојде од почетната идеја до заклучокот кој требало да го пренесе.


Slide 17

Како не доживува публиката Стекнувањето на комуникациски вештини е долготраен процес кој треба да се развива и обликува во склад со карактерот и вредностите до кои држиме. Тоа е исклучително важно бидејќи тие вештини директно влијаат како на приватниот живот, така и на деловното комуницирање.


Slide 18

Визуелно доживување Стручњаците сметаат дека дури 55% од вниманието на публиката е насочено кон изгледот на говорникот, неговиот израз на лицето, начинот на кој што се движи и слично.


Slide 19

Глас На гласот и на начинот на кој што нештото се изнесува е усмерено 38% од вниманието.


Slide 20

Содржина На крај доаѓаме и до содржината која што ја изнесуваме. Иако само 7% од вниманието отпаѓа на содржината, тоа не значи дека можеме да зборуваме глупости.


Slide 21

Планирање и позиционирање на проект   Темпото со кое живееме и работиме е се побрзо. Никој нема врме за одложување и развлекување, општи излагања, предолги пишани предлог-проекти и слично.


Slide 22

Основната идеја треба да се сведе на дефиниција од една до две реченици кои ќе ја обединат сржта на проектот. Така се добива дефиниција која ќе објасни: - За што станува збор - Ќе ја заинтересира публиката - Ќе го одвои проектот од конкуренцијата


Slide 23

Она што треба да го содржи вербалната презентација е: - Опис на проектот - Состојба на пазарот - Компаративни предности во однос на конкуренцијата - Целна публика - Планирање на активности насочени кон различни целни групи


Slide 24

Излагачот треба секој пат да ја прилагоди презентацијата во зависност од оној на кого што му е наменета.


Slide 25

Дефинирање на целите на излагачот и публиката Пред секоја презентација важно е да се одреди целта која треба со неа да се постигне. При тоа не треба да се заборави дека и публиката има свои цели, а договори се постигнуваат само кога двете страни се задоволни.


Slide 26

Структурирање на презентација Кога накрато ќе се дефинира сржта на идејата, потребата на публиката и целите на презентацијата, треба да се осврнеме и на изборот на подтемите кои проектот ќе и го доближат на одредена публика. Еден од клучните чинители при презентацијата е и времето, а тоа се брои во минути.


Slide 27

Подготовка на презентација При подготовката, излагачот треба најпрво да размисли за тоа кој ќе биде присутен на презентацијата, каде ќе се одвива, колку ќе трае состанокот, која опрема му е потребна итн. Текот на презентацијата треба да содржи - Вовед - Цели - Содржина - Заклучок


Slide 28

Подготовка на Power Point презентација - Најчеста грешка е пренатрпаност на слајдовите со информации. - Втора грешка е читање наместо интерпретирање на слајдовите. - Во средиштето на вниманието треба да биде излагачот, а слајдовите треба да му служат како потсетник или визуелна поткрепа за она што го говори. - Слајдовите треба да бидат фокусирани и визуелно атрактивни.


Slide 29

Водење на презентација Добриот говорник го привлекува вниманието уште на почетокот на презентацијата, бидејќи првиот впечаток тешко може да се смени.


Slide 30

- Говор на телото Еден од најважните елементи при презентацијата е држењето на телото. За успешна комуникација важен е контактот со очите, како најизразен дел од човечкот тело. Ако некому му го избегнуваме погледот тоа може да биде знак за неискреност или уплашеност.


Slide 31

Знаци по ко може да се процени заинтересираноста на пубиката: Повлекување, сомнеж, недоумица Не гледаат во вас Тело свртено кон излезот Рака преку уста Допирање на нос Досада: Тропкање по маса Движења на рацете кон лицето Добар тек на преговорите: Климање со глава или звуци на одобрување Навалување нанапред Смешкање


Slide 32

ФЕСТИВАЛИ И ФОНДОВИ


Slide 33

Sarajevo film festival www.sff.ba Sarajevo talent campus Sarajevo City of film Cine Link Co-production market Work in progress Development workshop


Slide 34

International film festival Rotterdam www.filmfestivalrotterdam.com   New Arrivals   Hubert Bals Fund Application deadlines are March 1 and August 1. Script and project development. Digital Production. Post-production funding or final-financing. Distribution.   Hubert Bals Fund PLUS Cinemart


Slide 35

International Documentary Film Festival Amsterdam www.idfa.nl Docs for sale IDFA Forum Jan Vrijman Fund Script and project development, Production and post-production, Other activities (distribution initiatives, documentary film festivals and documentary workshops). Deadlines on 15 January and 15 May.


Slide 36

Sundance film festival http://www.sundance.org/programs/   Dragon Forum http://dragonforum.pl/   Institut of documentary film www.dokweb.net   European documentary network www.edn.dk   Zagreb Dox www.zagrebdox.net   www.documentary-campus.com National Geographic All Roads Film Project http://events.nationalgeographic.com/events/all-roads/film/ http://events.nationalgeographic.com/media/files/allroads2009_SeedGrant.pdf


Slide 37

Berlinale www.berlinale.de Berlinale co-production market European film market Berlinale talent campus (www.berlinale-talentcampus.de)


Slide 38

www.festival-cannes.com www.marchedufilm.com   Eurimages http://www.coe.int/t/dg4/eurimages/default_en.asp   MEDIA http://ec.europa.eu/culture/media/index_en.htm


×

HTML:





Ссылка: